„Сите на велосипед“ - Одбележување на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

maj 24 2018

Во Прилеп се одржа традиционалната манифестација „Сите на велосипед“ по повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Манифестацијата е во организација на велосипедскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училишен спорт на Прилеп и Велосипедската федерација на Македонија, под покровителство на Општина Прилеп.

Свети Кирил и Методиј (старословенски: Кѷриллъ и Меѳодїи) — браќа родени во Солун во IX век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик.

Кирил и Методиј800

По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за созаштитници на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.

Сите на велосипед во ПП

„Возењето велосипед го зајакнува здравјето и духот посебно кај младите луѓе, со него побрзо ќе стигнете на крајната дестинација од било кое друго моторно возило, велосипедот е важен од еколошки аспект и секогаш е поевтино да се патува со велосипед. Во оваа прилика, уште еднаш сакам да го честитам денешниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј и да им го честитам именденот на сите што го слават“, изјави градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, кој е активен учесник во оваа рекреативна велосипедска тура.   

Известува: Мартина Билјаровска

Фотографија: Фотографиите се преземени од Општина Прилеп.

TEMPLEJT na makedonskomRES

Povezani članci

  • Oдбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз Тито

    Денес, во ООУ „Гоце Делчев“ - Прилеп се  одбележа 115 годишнината од смртта на Гоце Делчев, со положување свежо цвеќе на споменикот на револуционерот Гоце, каде почит му оддадоа бројни делегации: од Општина Прилеп, Советот на Општината, прилепската организација на Сојуз на борци, политички партии и граѓани.

  • Визија со решетки

    Петар Јанкоски - фотограф од Фото кино клубот „Прилеп“  како претставник од СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ - Прилеп освои второ место за најдобра арт фотографија на манифестацијата  „Образовно рандеву 2018”.

  • Претставување на Македонија во поинакво светло

     

    Патувањата овозможуваат уживање во слободата, запознавање различни светови, луѓе и култури. Секоја земја има со што да ги привлече туристите, но не секоја умее на креативен начин да го направи тоа.

Prijatelji sajta

Safe Journalism HND Solidarna Actat Kvart komesarijat-za-izbeglice XXZ Pescanik logoo mirc NGTim